Собранието вечерва со три гласа „за“ и 64 против ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата Европски фронт.
Политичка одговорност и оставка, побара попладнево коалицијата Европски фронт од првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со поднесената интерпелација во Собранието.