1 (7) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 20:07 -> 18-Mar 21:26
.
.
.
.

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, медицински тим од Чешка пристигна во земјава

  • ▷ Двајца повредени во пожарот во Кочани пренесени во Полска

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

4 (27) ■ вести > македонија > регион ■ 18-Mar 08:24 -> 18-Mar 13:30
.
.
.
.

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

  • Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни работи ќе ги посетат повредените во Солун

  • Муцунски од Солун ѝ се заблагодари на Грција за помошта и посочи дека солидарноста не треба да се заборави

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Солун по посетата на повредените од пожарот во Кочани, хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Грција.

5 (21) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 13:17 -> 18-Mar 17:21
.
.
.
.

ПОВЕЌЕ РАЗРЕШУВАЊА ВО МВР: Тошковски донесе одлука да бидат разрешени 6 началници и еден командир во Штип и Кочани

  • Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

  • Тошковски смени полициски началници и командири во Штип и Кочани

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања, објави порталот Курир.

Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Поради несреќата во дискотеката во Кочани, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за ослободување од должност на раководители, заменици и команданти во Штип и Кочани, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

7 (34) ■ вести > свет ■ 17-Mar 07:12 -> 18-Mar 20:36
.
.
.
.

Трамп и Путин разговараа час и половина, се очекува договор за крај на војната во Украина

  • Трамп: Со големо нетрпение го очекувам разговорот со Путин

  • Нема гаранции дека САД ќе избегнат рецесија, вели американскиот министер за финансии

  • Трамп: Утре ќе разговарам со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега, Владимир Путин час и половина додека Белата куќа се обидува да го затвори договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина Повикот, кој започна во 16 часот по средноевропско време, ќе биде клучен тест за тоа дали Трамп, кој во голема мера го повторува ставот на Путин за војната од нивниот повик минатиот месец, може да го постигне своето ветување за ставање крај на војната - и дали неговата пријателство кон Русија се исплатеше.

Многу од елементите на конечниот договор за Украина се договорени, но останува и многу работа, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред разговорот со рускиот колега Владимир Путин.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека „нема гаранции дека САД нема да влезат во рецесија“, но, според него, американската економија може да се стабилизира.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин.

9 (72) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 09:17 -> 18-Mar 17:18
.
.
.
.

Мицкоски: Правиме сѐ што можеме да спасиме што повеќе човечки животи

  • Мицкоски: Нема да има милост кон никого, од утре почнува робусна акција за проверка на сите угостителски објекти

  • Мицкоски не поднесува оставка: Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, па ќе одиме на избори

  • Мицкоски ќе ги посети повредените од пожарот во ГОБ „8 Септември“

Јас немам што да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Премиерот Христијан Мицкоски нема да поднесе оставка поради трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од пожарот во Кочани, а кои се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ Скопје.

11 (6) ■ вести > свет ■ 18-Mar 18:25 -> 18-Mar 19:52
.
.
.
.

Бела куќа: Трамп и Путин се согласија дека војната треба да заврши со траен мир

  • Белата куќа: Трамп и Путин разговараа за потребата од мир и прекин на огнот во Украина

Русија се согласи на ограничен прекин на огнот, или суспензија на нападите врз украинската енергетска инфраструктура за 30 дена, одлуката е донесена по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кој траеше околу час и половина, потврди Белата куќа.

Русија се согласи на ограничен прекин на огнот, или суспензија на нападите врз украинската енергетска инфраструктура за 30 дена, одлуката е донесена по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кој траеше околу час и половина, потврди Белата куќа, објави Би-Би-Си. Во соопштението објавено по повикот на двајцата претседатели, Белата куќа рече дека двете страни се согласиле да одржат „технички преговори“ за прекин на огнот во регионот на Црното Море, како и за целосен прекин на огнот и на крајот – постојан мир.

Повеќе од
оваа категорија

50 (43) ■ спорт > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:14 -> 18-Mar 20:20
.
.
.
.

Горица отвори книга на жалост за Андреј Лазаров

  • Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани

  • ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АНДРЕЈ Хрватска Горица се прости од својот поранешен фудбалер

  • Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

Хрватскиот прволигаш Горица отвори „Книга на жалост“ во чест на македонскиот фудбалер Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во страшната трагедија во дискотеката во Кочани.

Младиот фудбалер Андреј Лазаров, членот на скопски Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Хрватскиот прволигаш Горица се прости од својот поранешен фудбалер, 25-годишниот Андреј Лазаров, кој денеска трагично го загуби животот по повредите здобиени во пожарот што избувна за време на концертот на ДНК во кочанската дискотека „Пулс“.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Повеќе од
оваа категорија

175 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.