Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина. Novamakedonija
Во болницата Папаниколау во Солун се хоспитализирани три лица, а во солунската воена болница 424 други двајца повредени, сите со тешки изгореници.
Доцна синоќа, како што објави МИА, со авион Ц-130 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина беа префрлени тројца повредени во пожарот во Кочани и се хоспитализирани во атинската воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници. Skopjeinfo
Грција уште од првиот момент ги отвори нејзините врати, вратите на болниците, како што е случај и со Турција и со други соседни земји да обезбедиме секаква можна помош за овие луѓе кои во овој тежок момент во нивните животи, водат тешка битка, рече Јулекас.
Како што вчера објави МИА, министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во болниците во Солун и Софија. Nezavisen
Сите пет пациенти примени во болниците во Солун се во стабилна состојба, објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун. Press24
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.
Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Mk
Само што излеговме од „Општата болница Г. Папаниколау“ и Војната Болница во Солун, сите 5 пациенти примени во овие болница се во стабилна состојба!
Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и влада за нивната посветеност и помош! Civilmedia
Министерот Јулекас говорејќи утрово за грчката телевизија „Опен“ рече дека заедно со Таравари ќе ги посетат повредените со изгореници кои се лекуваат во болницата Папаниколау и во воената болница 424 во Солун и „заедно со министерот за здравство ќе биде и заменик министерот за надворешни работи на Хаѕивасилиу“.
Во секој случај сме во континуиран контакт за состојбата на повредените со одговорните на болниците и лекарите кои ги следат повредените. Libertas
Ќе ве информираме за другите пациенти!, напиша Таравари на Фејсбук.
Дописничката на МИА од Грција претходно јави дека Таравари и Муцунски за време на посетата на повредените во Солун беа придружувани од грчкиот заменик-министер за внатрешни работи Костас Јулекас, надлежен за областите Македонија и Тракија и од заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу. Sitel
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари заедно со грчките заменик-министри утрово ги посетија повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во двете солунски болници.
Шефот на дипломатијата, како што претходно објави МИА, во изјава за грчките медиуми во Солун истакна дека „ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме“. Kanal5