Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека се надева дека казната која ќе следи за полицаецот кој го пропушти Груби ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните.