Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишев по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не сакаше да ја коментира содржината на писмото од неговиот клиент, која беше доставена до Кривичниот суд на претходното рочиште.
Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека изјавата на Влатко Кешишев која ја промени и го амнестираше Палевски од вина нема да влијае врз постапката.
На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.
Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.