Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, упати писмо до новиот претседател на Фудбалската федерација на , Масар Омерагиќ, во кое му го честита изборот и му посака успешна и плодотворна работа во неговиот мандат.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од вчера има нов претседател, откако делегатите на вонредното Собрание едногласно го изгласаа Масар Омерагиќ, а денеска пристигна честитка за изборот и од првиот човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин.