1 (5) ■ вести > македонија ■ 05-Oct 10:10 -> 05-Oct 10:15
.
.
.
.

И покрај дождот вчера имало четири пожари на отворено

  • ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено

Според ЦУК, регистрирани се и четири пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2 028 повици.

10 (109) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 04-Oct 19:38
.
.
.
.

ДЕН НА ЖАЛОСТ УТРЕ ВО ПРИЛЕП Градот тагува по тројцата загинати лекари

  • Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

  • Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост

Утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост во Прилеп поради трагично загинатите медицински лица, кои утрото ги загубија своите животи во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

11 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Oct 10:21 -> 05-Oct 09:59
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

  • СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

  • Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори

  • Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се помалку пари во џебовите

Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ велат од СДСМ по денешната изјава на премиерот во врска со барањето на Филипче за затворена седница за евроинтеграциите.

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес, најави Мицкоски . Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак генерално за државата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче поосочи дека ВМРО ДПМНЕ не ги продолжи политиките коишто претходните седум години СДСМ интезивно ги спроведуваше и не ги зголеми платите и покрај тоа што сега нема инфалција.

12 (43) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Oct 10:08 -> 05-Oct 10:19
.
.
.
.

📷 НАЈМАЛКУ ПЕТ МРТВИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БОСНА Изчезнати и повредени повеќе лица

  • Најмалку 14 загинати во поплавите во Јабланица: „Ова се пронајдените од спасувачите“

  • Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

  • Бројот на загинатите во катастрофалните поплави во БиХ се искачи на 21

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија општината Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, објавија босанските мдиуми.

Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во Босна и Херцеговина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

216 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

218 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

65 (8) ■ сцена > шоу биз ■ 03-Oct 10:04 -> 05-Oct 00:12
.
.
.
.

За 24 часа се јавиле 12.000 жртви и сведоци во случајот против Пи Диди

  • Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена . Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена со неверојатни 12.000 повици за околу 24 часа.

Тони Базби, адвокатот кои што ги застапува новите обвиненија од 120 точки со кои се соочува уапсениот рапер, контроверзниот Шон Диди Комбс, ја шокираше јавноста.