Општина Струмица изминатиот период се соочува со одредени притисоци и можни политички влијанија, но сметам дека одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) е избрзана, рече денеска во гостување на Канал 77, градоначланикот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник.
Најавата од Општините Струмица и Карпош за излегување од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе и штети не само на Заедницата, туку и на сите други општини, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.