Но, Милан имаше и проблеми со организацијата на играта, па Јувентус го искористи тоа во првиот дел и на полувреме замина со предност од 1-0. Турскиот ас Јилдиз, кој по пауза од еден натпревар се врати во стартниот тим на Мота, во 21. минута одново ги покажа своите напаѓачки квалитети и со атрактивен погодок ѝ донесе водство на својата екипа од 1-0. На стартот од вториот дел поранешниот предводник на Порто мораше да менува во својот тим. Gol