1 (109) ■ вести > свет ■ 16-Oct 07:18 -> 18-Oct 18:56
.
.
.
.

Нетанјаху: Војната може да заврши уште утре доколку Хамас го положи оружјето и ги врати заложниците

  • Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

  • ИДФ и Шин Бет објавија дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар

  • Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас: се криел зад човечки штит а на крај умрел случајо

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава на англиски јазик го нарече убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, „почеток на крајот“ на војната во Газа.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

Израелската армија и службата за државна безбедност на Израел, Шин Бет објавија дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен. зш/ . Извор: МИА.

Израелската војска повеќе од една година трагаше по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот на 7 октомври.

2 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Oct 13:24 -> 18-Oct 22:43
.
.
.
.

Илијана Јотова лично ги гледала документите на Сања Божиновска каде било наведено дека има бугарска самосвест

  • Мицкоски за писмото до ЕУ: Сѐ уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег

  • Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

  • Јотова ги повика македонските власти на поголемо разбирање на европските вредности и почитување на човековите права

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично ги прегледала документите од апликацијата за стекнување бугарско државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска за да се увери дали таа навела оти има бугарска самосвест.

Сѐ уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век.

Северна Македонија да има подлабоко разбирање за европските вредности и да ги почитува човековите права и правото на изразување, повика потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која денеска говореше на тркалезна маса во Ќустендил на тема „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година“.

4 (92) ■ вести > свет > нато ■ 16-Oct 11:06 -> 18-Oct 22:00
.
.
.
.

Трамп го обвини Зеленски за почнување на војната со Русија

  • Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски

  • Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња

  • Џеј Ди Венс: Трамп не ги загуби изборите во 2020 година

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.

Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги изнесе тврдењата дека имигрантите од Хаити во Охајо јадат домашни миленичиња, изјавувајќи пред гласачи на латински настан во Мајами дека „само пренел“ што медиумите известувале.

Републиканскиот кандидат за американски потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп не загубил на претседателските избори во 2020 година, по неколку недели избегнување да одговори на прашањето.

6 (75) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 18-Oct 18:56
.
.
.
.

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу

  • Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

  • Директорот на АНБ бил разрешен оти не му праќал извештаи на премиерот – и тој што го добил личел на вести од порталите

  • СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ, тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ

СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби.

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Како претседател на Владата повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), додека некои други добиваа, што не се во формалниот политички живот, ниту во институциите.

Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите, велат од СДСМ.

7 (21) ■ вести > свет ■ 17-Oct 10:00 -> 18-Oct 22:51
.
.
.
.

Штајнмaер го одликува Бајден со највисок германски орден за неговите услуги во трансатлантските односи

  • Бајден во Берлин: Треба да ја задржиме нашата решителност за поддршка за Киев во претстојната зима

  • Бајден и Шолц: Ја поддржуваме Украина најсилно што можеме и се грижиме НАТО да не биде страна во војната

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го одликува американскиот претседател Џозеф Бајден со највисок германски орден за неговите услуги во трансатлантските односи.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика денеска сојузниците на Украина да ја задржат својата решителност за поддршка за Киев во претстојната тешка зима.

Ја поддржуваме Украина најсилно што можеме и истовремено се грижиме НАТО да не биде страна во војната, за оваа војна да не се претвори во уште поголема катастрофа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц пред почнувањето на средбата зад затворени врати во Берлин со претседателот на САД на Џозеф Бајден.

8 (121) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 07:25 -> 18-Oct 17:44
.
.
.
.

Таткото на Вања во погрешна група на Вибер пратил порака: „Кажи колку пари треба“, па ја избришал

  • Со сослушување сведоци во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, ќе се испитуваат нови сведоци

Застрашувачки и неверојатни детали се изнесуваат при сведочењата на денешното судење по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Денеска продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

9 (21) ■ вести > македонија ■ 17-Oct 16:36 -> 18-Oct 20:36
.
.
.
.

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

  • Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности

  • Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана

Едно од главните прашања за кои се разговараше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што вчера и денеска се одржа во Брисел, беа одбранбените трошоци, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на средбата.

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска учествува на дводневениот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана, во Брисел.

10 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 08:06 -> 18-Oct 20:41
.
.
.
.

Автомобил излета од булеварот под Скопско кале

  • МВР: Во сообраќајката на булевар „Гоце Делчев“ учествувал и мопед, повреден е возачот на автомобилот

Тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „БМВ“ излета од булеварот „Гоце Делчев“ и се заби во страничниот ѕид покрај пешачката патека крај коловозот, се случи попладнево под Скопското Кале, во близина на плоштадот „Скендербег“.

Во сообраќајната несреќа што попладнево, во 16:40 часот, се случи на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на плоштадот „Скендербег“ освен возилото „бе-ем-ве“ учествувал и мопед „пиаџо“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Возилото „бе-ем-ве“ било со скопски регистарски таблички и било управувано од 24-годишниот Ф.Л., додека мопедот го возел 19-годишниот М.С.. Од МВР велат дека до оштетување на возилото дошло кога во несреќата тоа удрило во столб од надвозникот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

171 (6) ■ бизнис > економија > политика ■ 17-Oct 11:44 -> 17-Oct 13:00
.
.
.
.

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

  • Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.

216 (4) ■ бизнис > економија ■ 17-Oct 09:18 -> 17-Oct 09:48
.
.
.
.

ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ НЕ ТРЕБА ДА Е ОДЛИКА НА ТРГОВИЈАТА Азески се заложи за слободна и фер трговија на Коморскиот самит во Истанбул

  • Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

Слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области, заклучија највисоките претставници од коморите и деловните лидери на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција”, кој е во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Тие дебатираа за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области.

276 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

82 (6) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 20:44 -> 18-Oct 11:41
.
.
.
.

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ

  • Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ.

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.

266 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 07:30 -> 17-Oct 19:13
.
.
.
.

КАДЕ ЈАДАТ ДВАЈЦА, ЈАДАТ И ТРОЈЦА За храната, за гладта, за тоа што е кошер, а што не е, за мирисот на пандишпанот…

  • Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија

„Мириса на пандишпан“, изложбата која е поставена во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е посветена на сефардската традиционална кујна на македонските Евреи од населувањето до денес, преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.