Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано и еколошки одржливо снабдување со природен гас, што има клучно значење за енергетската иднина на земјата и регионот.
Премиерот на Владата Христојан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција.