Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески одговори на барањата на приватните превозници, кои и натаму протестираат и бараат наоѓање на решение за нивните барања до Град Скопје.
Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.
„По вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје“ реагираат денеска од Град Скопје.