1 (9) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 11:16 -> 21-Sep 13:30
.
.
.
.

Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ

  • (ВИДЕО) Николоски: Се надевам дека со Бугарија ќе најдеме заеднички јазик за да немаме пруга што завршува во тунел кој не води никаде

Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија.

Приоритет број еден за Македонија е изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час, што треба да не поврзе со главните пристаништа, а на север со Централна Европа.

5 (98) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 22:30
.
.
.
.

Обвинетите отфрлија вина за убиствата на Вања и Панче

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

  • Таткото на Вања: Чувствувам болка која не може да се објасни, чувствувам и обврска кон Вања

СКОПЈЕ – Љупчо Палевски – Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски го отфрлија обвинителниот акт на Обвинителството за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесет и четиригодишниот Панче Жежовски и се изјаснија како невини на стартот од судскиот процес кој го води судијата Ивица Стефановски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

Денес во судницата за време на рочиштето таткото на убиената Вања изјави дека чувствува болка која не може да се објасни.

8 (67) ■ вести > свет ■ 19-Sep 08:36 -> 21-Sep 11:43
.
.
.
.

Израел уби воен лидер на Хезболах кого САД го бараат 40 години

  • Јапонската компанија чие лого наводно било на уредите кои експлодирале го прекинала нивното производство пред 10 години

  • Израел уништи неколку стотици ракетни фрлачи на Хезболах

  • Лидерот на Хезболах за експлозиите на пејџери и воки-токи апарати: Ова е објава на војна кон Либан

Израел изврши воздушен напад во јужните предградија на Бејрут во петокот, во кој загинаа најмалку 12 лица, а беа ранети 66, во, како што рече, целното убиство на висок лидер на Хезболах.

Јапонската фирма Иком соопшти дека пред околу 10 години престанала да произведува модел на воки-токи што наводно бил користен во неодамнешните експлозии во Либан.

Израелски воени авиони синоќа гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеа околу 1.000 лансери, соопшти армијата.

Експлозиите на пејџери и воки-токи апарати во Либан претставува терористички чин и објавување на војна кон народот на Либан, изјавил лидерот на милитантната група Хезболах Хасан Насрала, објави Би-би-си. Според него, Израел ги преминал црвените линии.

12 (74) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 07:53 -> 20-Sep 22:30
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми

  • Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

  • Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Нашето членство во НАТО претставува долгорочна стратешка определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќање на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 Септември.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински на крајот на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Брисел.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

124 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.