Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде што оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи.
Започнавме структурни реформи во сите сектори.
Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на коридор 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра.