Фудбалскиот свет е во жалост по веста дека Диого Жота, напаѓачот на Ливерпул и португалската репрезентација, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во шпанската провинција Самора.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.
„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават ЖотаРано утрово фудбалската јавност беше погодена од трагичната вест за загинувањето на португалскиот напаѓач, Диого Жота, обожаван од секој навивач на клубовите за кои играл.