Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ ако Илон Маск ги финансира демократските кандидати кои се натпреваруваат против републиканците кои поддржуваат сеопфатен закон за даноци и трошоци.- Ако го стори тоа, ќе мора да ги сноси последиците.
Конфликтот во Украина е егзистенцијален за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како реакција на споредбата што американскиот претседател Доналд Трамп ја направи меѓу војната и тепачка меѓу деца.
Кога милијардерот Илон Маск неодамна го објави своето повлекување од политиката, инвеститорите се надеваа дека тоа ќе значи дека ќе го зголеми својот удел во многуте технолошки фирми што ги води.Сепак, неговата експлозивна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп и јавното објавување на валканите алишта од Белата куќа покажуваат дека променливите приоритети на Маск не одат во насоката во која се надевале, според анализата на Би-Би-Си. Наместо да се повлече донекаде од јавноста и да се фокусира на унапредување на „Тесла“ и другите негови бизниси, Маск сега се соочува со закана од бојкот од еден од неговите главни клиенти – федералната влада на Трамп.
Мултимилијардерот Илон Маск ја повлече објавата на Твитер (X) направена за време на расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во која тврдеше дека администрацијата на Трамп не ги објавила сите записи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епштајн затоа што во нив се споменува самиот американски претседател.„Време е да се фрли голема бомба: (Трамп) е во досиејата на Епштајн“, објави тој на социјалната мрежа на Маск X (поранешен Твитер), во време кога неговите несогласувања со републиканскиот претседател ескалираа во силен јавен конфликт.„Тоа е вистинската причина зошто тие не беа објавени“, додаде милијардерот, иронично посакувајќи му на претседателот „пријатен ден“.Како одговор, Белата куќа едноставно напиша дека ваквите напади се жални, а американскиот претседател рече дека мисли дека Маск целосно го изгубил разумот.