Ракометарите на Е. Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампиона откако вечерва во мечот за трофејот славеа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Како и што доликува за едно дерби за титула, натпреварот почна тврдо и силно во одбраната, па по пет минути игра двата тима постигнаа само по еден погодок (1-1). Во следниот период се играше гол за гол, ниту еден тим не успеа да направи поголема разлика од еден гол, па по десет минути на семафорот стоеше (5-5). Први до разлика од два гола стигнаа домаќините со голот на Милан Лазаревски на почетокот на 20. минтуа (12-10). Следуваше нова грешка на битолчани која преку контра ја казни Срдановиќ за 13-10, по кои тренерот на гостите Раул Алонсо мораше да го побара својот прв тајм-аут.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа минимално на гостувањето кај Вардар 1961 30-32 (17-15) и во последното коло од плеј-офот ја обезбедија титулата во Суперлигата.