Европската ракометна федерација (ЕХФ) се огласи по неодигрувањето на финалниот натпревар од Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК, со повеќе од срамно соопштение од само една реченица.
Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.
Во пресрет на вториот финален натпревар од Европскиот куп, на кој македонскиот ракометен клуб Алкалоид требаше да го пречека грчкиот АЕК, се случува вистински скандал — гостинскиот тим од Атина одбива да излезе на теренот во салата „Борис Трајковски“.Ракометниот клуб АЕК одбива да го одигфра реванш-финалето од Европскиот куп затоа што навивачите не се присутни, но место да добие санкции за тоа, од ЕХФ му прифаќаат мечот да биде одложен.
Ракометниот клуб Алкалоид вечерва го игра историското финале во ЕХФ Европскиот куп против грчки АЕК, меч на кој тимот на Кире Лазаров е многу блиску до кревање на пехарот откако славеше на првиот меч во Атина со четири гола предност.