Иља Поликарпов, помошникот на генерал-полковник Игор Кирилов, е вториот загинат во денешниот атентат врз рускиот генерал.
Украинската служба за безбедност (СБУ) е одговорна за убиството на генералот во руската армија, Игор Кирилов извршено утрово со експлозивна направа во Москва, изјабиле извори од службата за неколку светски новински агенции и медиуми.
Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во мобилен телефон, соопшти рускиот истражен комитет.
Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на радијациските, хемиски и биолошки одбранбени трупи на руските вооружени сили, беше убиен на 17 декември во операција на Службата за безбедност на Украина.