Од 18 до 24 ноември 2024 година, Агенцијата за поддршка на претприемништвото ќе ја одбележи Европската недела на претприемништвото со богата програма од активности насочени кон едукација и инспирација на младите и претприемачите ширум Македонија. Kanal5
Во текот на денешниот ден ќе следуваат нови едукативни средби со учениците од средните училишта „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, а попладнево се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија Како дел од одбележувањето, на 20 ноември, претставници од Агенцијата ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.
Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото најавува и посебен настан - Mentors Awards 2023, кој ќе се одржи на 21 ноември, а е поддржан од Јапонската Агенција за меѓународна соработка JICA. Faktor