Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за вели дека лично не контактирал со сопартиецот Артан Груби кој избега од државата.
Од СДСМ велат дека откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети застанал во одбрана на Артан Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е Груби и има важни информации за случајот.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека не знае каде се наоѓа поранешниот вицепремиер, Артан Груби, откако вчера за неговиот најблизок соработник рече дека е добар и се наоѓа на албанска територија, но немале средба.