Најмалку 36 лица се убиени додека израелската војска продолжува да го напаѓа Појасот Газа и покрај широко распространетите надежи за договор за прекин на огнот во Катар, се наведува во денеска објавен палестински извештај.
Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници – изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.
Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинската група Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои се уште се држат во Појасот Газа, но конечниот договор сè уште не е постигнат, изјавија денеска официјални лица.
По разговорите во Доха на кои присуствуваа шефовите на израелските разузнавачки служби, пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, претставник на администрацијата на Бајден и премиерот на Катар, беше изготвен документ и понуден на потпис на Израел и Хамас, објави белградска Политика.