Во декември минатата година стапка на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто што претставува раст во однос на ноемвриските 5,8 проценти, додека на ниво на Еврозоната таа била 6,3 отсто и исто така бележи зголемување за 0,1 проценти поени споредено со претходниот месец, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.
Индустриското производство минатата година, во однос на 2023-та, е намалено за 3,6 %. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1,4 %, соопшти Државниот завод за статистика.