Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
12.24
12.25
0.98/0.61
5.00
1.83
0.37
306.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 4.2
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 4.2
Plusinfo

Бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година е намален за 4,7%, објави Државниот завод за статистика, Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1,6 %, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 5,0 % и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 2,5 %. Најголемо намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија од 14,7% има во текстилните фабрики за производство на облека, кожарската индустрија (11,7%) и тутунската индустрија (12,7%). Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 3,3 %, кај „капитални производи“ за 3,0%, „интермедијарни производи, освен енергија за 6,3% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7,9%. Пораст бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ од 25,7%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година бележи намалување од 0,3%. Plusinfo

Fokus

Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

▷ Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.3 %, кај Капитални производи за 3.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 %. Додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25.7 %. Fokus