Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија го оспорија „очигледниот обид“ на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спои Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) со Стејт департментот, што го доведува во прашање финансирањето на програмите за помош ширум светот, вклучително и милијарди долари во развојна помош за Украина.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.
Околу илјада луѓе се собраа синоќа пред седиштето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на гласен протест откако претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск од Одделот за ефикасна влада (ДОГЕ) забранија влез на вработените во седиштето на агенцијата.
Вработените во американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) денеска им било наредено да не влегуваат во седиштето на агенцијата во Вашингтон.