Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.
Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. -Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека на американските банки не им е дозволено да работат во Канада, додека банките од таа земја слободно го преплавуваат американскиот пазар.