Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW. За време на посетата, како што денеска соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, делегацијата била запознаена со процесите на ископување, преработка и согорување на лигнит, што се добива од локалните рудници Наступ-Тушимице и се транспортира директно до котларницата преку лентов транспортер. Kanal5