Нови 60 километри патишта на три различни локации се очекуваат да завршат до крајот на месецов, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на граничниот премин „Маркова Нога“ на македонско-грчката граница.
„Импресивно делува сето тоа бидејќи до крајот на месецот очекуваме нов 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар.“, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.