Трамп како причина ја наведува стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот најави можно воведување царина од 50 отсто за сите стоки од Европската унија, наведувајќи ја стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. „Нивните силни трговски бариери, ДДВ, смешни корпоративни казни, нетарифни бариери во трговијата, манипулација со валутата, неправедни и неоправдани тужби против американски компании и многу повеќе доведоа до трговски дефицит со САД од над 250.000.000 долари годишно, бројка што е целосно неприфатлива“, напиша Трамп во петокот на социјалната мрежа.
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Европската Унија со воведување на царини од 50 проценти за увоз на стоки, почнувајќи од 1 јуни 2025 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп препорача царина од 50 отсто за сите стоки од Европската унија што се увезуваат во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп не одговори на прашањата на новинарот на NBC News Питер Александар за луксузниот авион што владата на Катар планира да го донира на Соединетите држави, нарекувајќи го „ужасен новинар“ и „гад“ затоа што не поставува прашања за, како што рече, „геноцидот на белите јужноафрикански фармери“ на кои Трамп им додели статус на бегалци.