1 (8) ■ вести > македонија ■ 08-Apr 11:17 -> 08-Apr 11:50
.
.
.
.

Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата

  • МИЦКОСКИ: Ова не е правда, јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и да се анализира оваа пресуда

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата.

„Ова не е правда!

2 (4) ■ вести > македонија ■ 08-Apr 11:33 -> 08-Apr 11:55
.
.
.
.

Градинките се пренатрупани, листите на чекање се огромни, вработувања нема

  • ДЗР: Дури 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 милиони евра, од различни извори, а до периодот на известување од ревизијата не се пуштени во употреба поради необезбедени согласности од Министерството за финансии за вработување на потребниот кадар и не создадени услови за издавање на решение за вршење на дејноста.

Во ревизијата се дадени препораки за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки.

6 (22) ■ вести > свет ■ 07-Apr 16:18 -> 08-Apr 11:24
.
.
.
.

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

  • Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД

  • Кина вети решителни контрамерки и борба докрај поради царините на Трамп

Во анализата објавена утрово, СКАЈ ЊУС пишува дека дополнителните царини на Доналд Трамп би можеле да ја уништат трговијата меѓу САД и Кина, а потенцијалниот одговор на Пекинг би можел да вклучи мерки кои навлегуваат во културата и безбедноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД.

Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки како одговор на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ксинхуа.

8 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-Apr 08:49 -> 08-Apr 11:00
.
.
.
.

Притвор за тројца струмичани кои грабнаа млада жена од дома

  • Кривична пријава и притвор за 3 лица од Струмица поради грабнување на жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. -На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото, информира МВР.

Штипската полицијата до Јавното обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против 3 лица, Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., сите од Струмица поради сторено кривично дело грабнување.

12 (9) ■ вести > македонија ■ 07-Apr 19:37 -> 08-Apr 11:05
.
.
.
.

Судијата Ферати нема да биде гонет од Обвинителството

  • ПРЕЧКРТАНА ПРАВДА: Судијата што пресуди 2 години затвор за прегазената Теодора, сам си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет

Судијата Ферати нема да биде гонет од Обвинителството, прибавени се документите дека преполагал за повисоки оценки Одлуката на судијата Ељведин Ферати од да изрече казна од само две години затвор за прегазување на девојка, предизвика бурни реакции во јавноста.

Судијата Ељведин Ферати, кој во Основниот суд во Тетово, за прегазување на 22-годишната Теодора Ристевска, изрече казна за возачот Менсур Пајазити од само две години затвор предизвика жестоки реакции во јавноста и поради фактот што на претходното судење обвинетиот доби 3,5 години затвор, објави Фокус.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

108 (5) ■ сцена > здравје ■ 07-Apr 07:32 -> 07-Apr 09:18
.
.
.
.

СЗО: На секои две минути во 2023-та умирала по една жена или вкупно 260.000 жени во светот од компликации од бременост или породување

  • СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.