Главните оперативни директори на некои од најголемите светски банки остварија тајни дискусии во врска со продлабочувањето на кризата на финансиските берзи и веројатните последици за светската економија, која беше разбранувана од трговската офанзива на претседателот Доналд Трамп.
Како што пренесува Скај Њуз, вчера директорите на големи финансиски институции, како што се Bank of America, Barclays, Citi и HSBC Holdings, учествуваа на заеднички конференциски повик, во кој разговараа за зголемената несигурност на берзите, додека падот на вредноста на акциите ги засили стравувањата од нова глобална рецесија.