Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година. Netpress
Во речиси 97 отсто од пријавените козметички производи е утврдено присуство на бутилфенил метилпропион (BMHCA), забранет синтетички аромат кој може да предизвика оштетувања на репродуктивниот систем на луѓето или иритација на кожата.
Врз основа на пријавите доставени до системот „Безбедносна порта“ во текот на минатата година соодветните органи за контрола на пазарот издале наредби за прекин или за повлекување од продажба на над 4.200 производи. Netpress