Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
22.55
16.84
0.55/0.64
5.00
2.29
0.46
457.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 157.6
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 157.6
Skopjeinfo

Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.

Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици. Skopjeinfo