На конференцијата ОРМ презентираше и сет од конкретни препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии; зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство; реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови; ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош; и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.- Advertisement - „ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот.