Во Македонска Каменица се одржа показна вежба за институционален одговор при поплави, проследена со тестирање на новоинсталираниот систем за рано предупредување.
Настанот се реализираше во организација на Општина Македонска Каменица, во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Полициската станица Македонска Каменица, Итната медицинска помош при Здравствената станица, образовните установи, ЈП „Камена Река“, Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст на РСМ и други локални и национални институции.