Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Република Македонија и Националната агенција на Република Малта вчера беше потпишан во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија.
Со овој документ, како што соопштуваат од македонската Национална агенција за европски образовни програми, Македонија обезбедува партнерство кон директно користење на најголемите грантови од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поддршка за проекти од стратешко значење, голем обем и долгорочно влијание, особено капитални инвестиции во сферата на образованието, науката, младите и спортот. Press24