Дафина СТОЈАНОСКА Бујар Османи, министерот кој го прифати францускиот предлог без да трепне, кој го претвори Министерството за надворешни работи во огранок на бугарското МНР и кој ги жртвуваше македонскиот идентитет, јазик и историја за фотосесија со европски бирократи, сега се јавува со патетични морални лекции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, преку социјалните мрежи реагираше на денешните обвинувања од премиерот Христијан Мицкоски.
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој денес изјави дека Османи, за време на преговорите за македонскиот јазик и идентитет, го погодил македонскиот идентитет со нож во срце, наведувајќи го неточниот пристап на Бугарија кон Северна Македонија.