Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи и тврди дека пазарните инспектори ги следат состојбите во целиот ланец од производство до малопродажба.
Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде одржа работна посета и средба со граѓани, локални претприемачи и претставници на институции, со цел директна презентација на активните мерки за вработување предвидени со Оперативниот план за 2025 година.