Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,5 %), Информации и комуникации (10,7 %) и Образование (10,6 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5 %), Образование (5,0 %) и Градежништво (3,1 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63 392 денари. са/Фото: МИА . Извор: МИА. Biznisvesti