Презедовме значителни правни чекори за сузбивање на секој обид за нелегална трговија и од јули досега евидентирани се 242 случаја на заплена на стоки или речиси двојно повеќе од истиот период лани кога имало 132 случаја, при тоа од 1 јули до денеска поднесени се 55 кривични пријави или за три пати повеќе од лани кога се поднесени 16 пријави, рече Николовски и посочи дека забрзано се работи на имплементација на клучни проекти за олеснување на транспортот и трговијата и на системот за регистрација и идентификација на економските оператори,… Се работи, додаде, и на понатамошна дигитализација на царинското работење и усогласување со системите во ЕУ. -Целта е создавање на потполно дигитално царинско работење што ќе ви помогне вам на бизнисмените во секој сегмент, како и за поголема сигурност на стоките кои влегуваат и излегуваат од државава, потенцира Николовски и додаде дека во последните шест месеци ЦУ работи во насока да биде слуга на народот, извозниците, увозниците и оние што транзитираат со стоки и патници во земјава. Nezavisen