Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 30.01.2025 година.