Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто. Nezavisen
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,141 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,672 денари. Libertas
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 30.01.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,487%, кај дизелот за 2,344%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 2,366% и кај мазутот зголемувањето е за 0,423%. Fokus
Од полноќ ќе има нови цени на горивата согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според РКЕ, ќе се точат поевтини горива.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит. Denesen