Advertisement - Цените на горивата се намалуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од утре, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по нова цена од 75 денари за литар, што е намалување од 0,5 денари.
Од вечерва на полноќ за 0,5 денари се намалуваат цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, одлучи денеска Регулаторната комисија, енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК). За 1,5 денари се намалува и цената на дизелот, а за 1 денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинствата.