Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската заедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.
Претставниците од верските заедници, денеска одржаа состанок, после кој порачаа на сите македонски граѓани, да не потклекнуваат на обиди за нарушување на соживотот, и порачаа почитување на државните симболи.