За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Поскапува Мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 % во однос на одлуката од 25.11.2024 година.