Навистина ми е драго што досега 110 oд стипендираните студенти одлучиле да започнат да ги градат своите кариери во некои од одделите на ’Алкалоид’. Високата селективност при ангажирањето стручен кадар и континуираните вложувања во истражување, развој и нови технологии и постојаното стручно надоградување придонесоа ‘Алкалоид’ денес конкурентно и достоинствено да се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.
Во седумнаесетте години постоење Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 699 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 141 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација. Press24