1 (5) ■ вести > македонија ■ 24-Mar 19:03 -> 24-Mar 19:14
.
.

ЗАБРАНЕТО Е СНИМАЊЕ СО ДРОНОВИ: Ова се локациите

  • МВР: Забрана за користење дронови во централното подрачје на Скопје

Забрането е снимање со дронови на повеќе места во Скопје.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје: 1. Плоштад „Македонија, 2. Улица „Димитрие Чуповски“, 3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ, 4. Улица „Филип Втори“, 5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и 6. Пред Влада на РСМ.

3 (20) ■ вести > македонија ■ 22-Mar 15:12 -> 24-Mar 18:10
.
.
.
.

Митева: До сега направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти- на 10 субјекти се изречени привремени забрани, на 15 им се одземени лиценци, 6 немаат активна лиценца, а 59 добиле прекршочни налози

  • Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат

  • СЕ „ТРЕСЕ“ СЕ' ШТО ИМА АКТИВНА ЛИЦЕНЦА: „Го изигрувале законот“

Во текот на вчерашниот ден најавив дека денес ќе објавиме пресек од преземените активности на ДПИ заедно со сите надлежни институции, а кои се однеусваат да преземените вонредни контроли.

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева.

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева.

4 (22) ■ вести > македонија ■ 23-Mar 14:20 -> 24-Mar 16:44
.
.
.
.

Ѓорѓиевски: Безбедни се сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава

  • Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата

  • Општините ќе си ги позајмуваат инспекторите за контролирање на објектите

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски по денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС кажа дека сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава се безбедни.

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата.

По градинките, училиштата, спортските сали, домовите за култура, општините ќе ги проверуваат и објектите за домување дали исполнуваат услови за противпожарна заштита, но и генерално за безбедноста на луѓето.

5 (33) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Mar 07:00 -> 24-Mar 19:02
.
.
.
.

Велибор Манев: Да знаев дека Палчо носи пиштол немаше да бидам овде

  • Постојат докази дека Боре Видевски бил на работа кога се случиле убиствата на Панче и Вања, тврди неговиот бранител Бојан Манев

  • Сослушување на Велибор Манев за убиството на Вања и Панче

  • „Сакав да се откажам, но Палчо двапати ми повтори дека ќе ми ја убие фамилијата пред мене“, рече Манев

Во Основниот кривичен суд денеска со прашања на Судот завршува сослушувањето на Велибор Манев, еден од обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по што се очекува да продолжи со сведочење на Боре Видевски.

Постојат докази дека обвинетиот Боре Видевски за време на критичниот период во кој се случуваат убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска бил на работа и тој исказ е даден во Обвинителството уште на 21 декември 2023 година, тврди бранителот на Видевски, Бојан Манев, по денешното рочиште на кое обвинетиот Боре Видевски одговараше на вкрстените прашања на неговата одбрана и Обвинителството.

Во Основниот кривичен суд денеска со прашања на Судот завршува сослушувањето на Велибор Манев, еден од обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по што се очекува да продолжи со сведочење на Боре Видевски.

Во Основниот кривичен суд продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

7 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Mar 12:02 -> 24-Mar 15:09
.
.
.
.

Мицкоски: Ги поддржувам граѓаните кои одлучиле својот гнев да го изразат преку протести

  • Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

  • Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен

Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата со 59 мртви во Кочани, но дека во позадина, како што рече, тие криеле „политички глодари“.

10 (14) ■ вести > македонија ■ 24-Mar 08:42 -> 24-Mar 15:15
.
.
.
.

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

  • Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка.

Од 25 март од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 40,755 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

14 (12) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 08:27 -> 24-Mar 18:52
.
.
.
.

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците

  • Инженерите со забелешки за фактурирањето на струјата на средба со Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Здружението Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.

39 (31) ■ авто > формула ■ 22-Mar 07:41 -> 24-Mar 14:44
.
.
.
.

Доминација на Мекларен: Пјастри и Норис ја збришаа конкуренцијата во Кина!

  • Пијастри ја покори Кина

  • Пјастри победи, Норис го задржа врвот

  • Дисквалификацијата во Шангај е историска за Ферари, поништен и рекордот на Хамилтон

Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, утринава триумфираше на Големата награда на Кина, втората трка од новата сезона во Формула 1. Мекларен имаше доминантен настап, бидејќи веднаш зад победникот заврши неговиот тимски колега Ландо Норис, додека третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Кина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Австралиецот ја оствари третата победа во кариерата во Шангај, пред тимскиот колега Ландо Норис, што му донесе двоен триумф на Мекларен, иако втората позиција на Британецот беше сериозно загрозена во финишот.

Австралискиот возач триумфира на патеката во Шангај, што е негова прва победа сезонава, а трета во кариерата.

Трката за Големата награда на Кина се претвори во вистински кошмар за Ферари, бидејќи двајцата возачи беа дисквалификувани поради технички недостатоци на болидите.

33002942 (30) ■ авто > формула ■ 22-Mar 07:41 -> 24-Mar 14:44
.
.
.
.

Тежок удар за „Ферари“: Леклер и Хамилтон дисквалификувани по трката во Шангај

  • Пијастри ја покори Кина

  • Ерупција на Тифозите: Хамилтон најбрз на спринтот во Кина

  • Пјастри: Конечно сме на подиумот, трката во Кина беше одлична за Мекларен

Возачите на „Ферари“, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, останаа без бодови откако судиите ги дисквалификуваа поради неправилности забележани на нивните болиди.

Трката во Формула 1 повторно се одржа во Кина, а по победата на Луис Хамилтон во спринтот, и пол-позицијата на Оскар Пијастри во квалификациите, победа забележа младиот Австралиец.

Луис Хамилтон стигна до својата прва победа како член на Ферари, откако седумкратниот светски шампион славеше на спринт трката на големата награда на Кина.

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека е горд на победата на трката за Големата награда на Кина и смета дека триумфот бил потполно заслужен, упатувајќи благодарност до конструкторите и навивачите.