Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски во однос на тоа дали инспекторите излегле на терен поради високите цени во маркетите.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност.