Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Novamakedonija
Ќе наметнеме обврска сите мали, средни и големи трговци да креираат веб страница на која ќе ја наведуваат цената на производите за секој нивен маркет на дневно ниво, а Државниот пазарен инспекторат по иста основа да казнува ако тоа не го направат.
Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари, нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот. Libertas
Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари, нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот.
Целта на Предлог-законот, се наведува во образложението, е да се заштитат интересите на потрошувачите и да се обезбеди основа за нивна подобра информираност за цените на производите и за олеснување на споредливоста на цените. A1on