Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Novamakedonija
Како што беше речено на комисиската седница, со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди транспарентност (потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информациите за цените), фер конкуренција (трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби) и заштита на потрошувачите (тие ќе бидат заштитени од нефер практики, како што се скриени трошоци или нејасни цени). – Како владејачко мнозинство ќе интервенираме за заштита на граѓаните по моделите на повеќе држави како Израел, Франција, а од неодамна и Хрватска.
Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари – нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот. Plusinfo
Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари, нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот.
Целта на Предлог-законот, се наведува во образложението, е да се заштитат интересите на потрошувачите и да се обезбеди основа за нивна подобра информираност за цените на производите и за олеснување на споредливоста на цените. Mk
Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало.
Многу е важно, се додава, информирањето на потрошувачите за цените на стоките и услугите преку нивно правилно означување од страна на трговецот. Mk